5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоднесени 90 барања за штети од поплавите во прилепско

Поднесени 90 барања за штети од поплавите во прилепско

poplava-610x400ytjnrt6u65u56u565

Вкупно 90 барања за штети од поплавите во прилепско се поднесени до надлежните служби, информира локалната власт.

Координативното тело за справување со последиците од поплавите одржа редовен состанок на кој беше истакнато дека благодарение на добрата координација и заедничкото делување од страна на ЈКП „Водовод и канализација“ и Центарот за јавно здравје, водата во поплавените населени места може да се користи за пиење, но сепак заради превенција останува препораката за нејзино претходно превривање.

Екипи од ЈКП „Водовод и канализација“ и во текот на денешниов ден ќе вршат достава на флаширана вода до населените места Ерековци, Тројкрсти, Чепигово, Канатларци, Кадино село и Мало Коњари со цел да се избегнат евентуални несакани последици.

На работниот состанок беше истакнато дека водостојот на Градската и Црна Река е намален, како и прелевањето на вештачкото езеро.

До сега поднесени се деведесет барања за направени штети од кои педесет по кои е постапено се однесуваат на штети на домовите, а остатокот се барања за штети на земјоделски површини. Поднесувањето на барања за штети од поплавите е до 13.02.2015 година (петок).

Се очекува со подобрување на временските услови да се пристапи и кон затворање на пробиените насипи на Црна Река.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП