18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолавите не предизвикаа посериозни проблеми во работата на РЕК Битола

Полавите не предизвикаа посериозни проблеми во работата на РЕК Битола

rek bitola 9954

Големиот воден бран кој деновиве ја зафати Пелагонија и доведе до излевање на реката Црна кај село Новаци, не предизвика посериозни проблеми во работата на најголемиот енергетски капацитет РЕК Битола, велат од комбинатот.

Оттаму информираат дека производниот процес се одвива според планот, експлоатацијата на јаглен се одвива континуирано, во согласност со условите на теренот, а поради оштетување на патот Битола – Новаци, комуникацијата со РЕК Битола се одвива по алтернативни патишта.

„Во комбинатот се преземени сите мерки за работа во услови на елементарна непогода, ангажирана е целата расположлива механизација, зголемена е будноста и мобилноста на вработените и на менаџерскиот тим“, соопшти РЕК Битола.

Состојбата на терен, се нагласува во соопштението, постојано се следи и навремено се преземаат потребните мерки и активности за да не дојде до нарушување на производниот процес и до предизвикување на штети по опремата и по безбедноста на вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП