3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДомаќинот Катар и Франција ќе се борат за светската титула!

Домаќинот Катар и Франција ќе се борат за светската титула!

Qatar2015_logo_EA

Светот ќе добие нов ракометен шампион, откако селекцијата на Франција во полуфиналето на Мундијалот во Катар, го елиминира бранителот на шампионскиот трофеј Шпанија.

Spain v France Semi Finals - 24th Men's Handball World Championship

Во вториот полуфинален меч на Светското првенство, репрезентацијата на олимпискиот и европски првак Франција во текот на целиот меч беше подобар противник од Шпанија и на крајот заслужено славеше победа со 26:22.

За „Триколорите’’ ова ќе биде шесто финале на Мундијалите, а на досегашните пет Французите дури четирипати успеваа да го освојат шампионскиот трофеј. Доколку тоа им успее уште еднаш тие по втор пат ќе обединат титулите од трите најголеми натпреварувања.

handbal 2

Потсетување дека во првиот полуфинален меч репрезентација на катар ја победи Полска со 31:29, со што Катар влезе во историјата како прва не европска земја која ќе освои медал на Мундијалот.

Така, во финалето на 24­тото СП, закажано за во недела, ќе играат домаќинот Катар и Франција (17:15), додека за бронзата ќе се борат Полска и Шпанија (14:30).

Денеска ќе се играат натпреварите за 5. и 7. место, а во нив Хрватска и Данска ќе ги одмерат силите за 5.место, додека Германија и Словенија ќе се борат за седмата позиција во конечниот поредок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП