26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаправете вкусни бонбони за зајакнување на имунитетот (видео)

Направете вкусни бонбони за зајакнување на имунитетот (видео)

mjyyyyhhh

Сезоната на грип повторно зема замав, а се прогнозира дека токму во месец февруари ќе го достигне максимумот. Еден од првите симптоми на грип е токму болното грло, а ние ви предложуваме за промена да го пробате овој здрав и природен лек кој можете сами да го направите.

За лековитоста на ѓумбирот и медот многу пати сме пишувале, а ако на оваа совршена комбинација и додадете уште неколку состојки, ќе добиете и вкусни пастили.

Земете тенџере и во него ставете една шоља шеќер и ½ шоља вода, една лажица свеж цеден сок од лимон и една лажица мед. Потрудете се да набавите домашен, а ако не најдете, послужете се со оној од продавниците. Медот има сјајно антибактериско својство кое помага при болното и воспалено грло.

Потоа додадете ½ лажица мелен ѓумбир и ½ лажица мелено каранфилче. Засилете го огнот и варете се додека мешавината не зоврие, а потоа добро промешајте. Тргнете го садот од оган и оставете го да се олади околу 15-20 минути.

Подгответе големо тавче на кое ќе ставите хартија за печење. Со помош на лажица ставајте од содржината на хартијата за печење како што е прикажано во видеото. Кога бонбоните ќе се оладат, наросете им шеќер во прав. Вашите пастили се подготвени за употреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП