27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена прогнозата за економскиот раст на Хрватска

Намалена прогнозата за економскиот раст на Хрватска

hrvatska2

Светска банка прогнозира дека хрватската економија во оваа година ќе има раст од 0,5 проценти, што е значително помалку од предвидените 1,2 проценти во јуни минатата година.

Минатогодишната јунска прогноза за економскиот раст од 1,2 проценти е префрлена за наредната година, додека во 2017 година се предвидува раст на економијата на Хрватска од 1,5 проценти.

Светска банка ги објави прогнозите за Хрватска во групата на транзициони европски земји со високи приходи која уште ги опфаќа Чешка, Словачка, Полска, Русија и три балтички републики, а објавена е во рамките на прогнозите за групата економии во развој во поширокиот регион на Европа и централна Азија, јавуваат хрватските медиуми.

Во Хрватската стопанската комора оценуваат дека намалувањето на прогнозата на Светска банка за растот на хрватската економија на 0,5 проценти е очекувано, и предупредија дека, доколку дојде до мал раст, тоа не значи дека Хрватска дошла во фаза на закрепнување за кое е потребна стапка на раст од најмалку три до четири проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП