27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалниот раст е изложен на ризик од долгорочно забавување

Глобалниот раст е изложен на ризик од долгорочно забавување

world12

Растот на светската економија ќе забележи значително успорување во следните 50 години, поради застарувањето на населението, освен доколку земјите не пронајдат начин за зголемување на производството, се наведува во извештајот на Глобалниот институт Мекензи.

Документот покажа дека без големо зголемување на производството на секој работник глобалниот раст ќе се забави до два отсто во следните 50 години, за разлика од 3,6 отсто во изминатите 50 години.

Тоа е поголемо забавување од глобалниот раст за време на Големата рецесија или за време на деценијата на енергетската криза од 1974 до 1984 година.

Неколку земји, меѓу кои Германија, Јапонија и Русија, веќе се борат со намалување на продуктивноста на работната сила, се додека работниците на се пензионираат.

Институтот смета дека производството може да се зголеми преку подобрување на ефикасноста на здравството и автоматизираното производство, како и преку намалување на отпадот при производството на храна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП