27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија предвидува раст од 1,5 проценти во фискалната 2015 година

Јапонија предвидува раст од 1,5 проценти во фискалната 2015 година

japonija1

Владата во Токио очекува дека економијата на Јапонија во фискалната 2015 година ќе оствари раст од 1,5 проценти благодарение на очекуваното забрзување на личната потрошувачка, што е малку повеќе од претходните прогнози.

Според проценките на јапонската влада, потрошувачките цени во фискалната 2015 година би требало да пораснат за само 1,4 проценти, во услови кога централната банка на Јапонија е соочена со проблеми за исполнување на зацртаните цели за инфлација од два проценти, пренесува Ројтерс, и додава дека најновите прогнози ќе бидат искористени за изработка на фискални и економски насоки, но и за забрзување на економскиот раст по изненадувачката рецесија минатата година.

Владата на премиерот Шинзо Абе претходно прогнозираше дека економијата на Јапонија во фискалната 2015 (која започнува во месец март) ќе оствари 1,4 проценти, но подоцна ја зголеми оваа прогноза поради одложувањето на новото зголемување на стапката на данокот за додадена вредност (ДДВ).

Економскиот раст во Jапонија, според проценките на локалната власт, ќе остане стабилен во 2015 година, бидејќи очекуваниот раст на платите и падот на цените на нафтата ќе го зголемат профитот на компаниите и личната потрошувачка.

За фискалната 2014 година, која ќе биде завршена во март оваа година, владата во Токио прогнозира пад на економскиот раст од 0,5 проценти, што е значително помалку во однос на претходната прогноза за раст од 1,2 проценти и е последица на падот на личната потрошувачка.

Како што потсетува британската агенција, економијата на Јапонија минатата година падна во рецесија, бидејќи домаќинствата ја намалија потрошувачката откако владата ја зголеми стапката на ДДВ од 5,0 на 8,0 проценти во април минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП