6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина останува во еврозоната

Атина останува во еврозоната

greece-atina

Доколку радикалната левичарска партија „Сириза“ победи на претстојните избори, Грција ќе остане во еврозоната и истовремено ќе се бори против мерките за штедење изјави вчера лидерот на „Сириза“, Алексис Ципрас.

Според него, јасно е дека од секоја гледна точка, прашањето за излез на Грција од еврозоната, едноставно не постои.

На глобалните пазари постојат разни реакции од стравувања дека Грција би можела да излезе од еврозоната, доколку „Сириза“ победи на изборите на 25. јануари.

Меѓутоа, Ципрас нагласи дека таа идеја за излез на Грција од еврозоната е само „аларм“ кој датира од 2012 година, кога кризата беше на својот врв поради што Атина доби меѓународна помош вредна 240 милијарди евра.

„Климата сега е сосема поинаква. Единствена личност која говори за таа можност е премиерот Антонис Самарас, но тоа секојдневно го негираат највисоко рангираните европски официјални лица“, наведе Ципрас.

Самарас предупреди дека би било катастрофално доколку „Сириз“а победи на изборите и им стави крај на мерките за штедење условени од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП