5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски најави нова американска компанија со 400 вработувања

Груевски најави нова американска компанија со 400 вработувања

grujo-g

Договорено е потпишување нова инвестиција со американска компанија во Технолошката­индустриска развојна зона Скопје, во вредност од 18 милиони евра и минимум 400 директни вработувања, најави денеска премиерот Никола Груевски на обраќањето на Годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО­ДПМНЕ.

­ Наскоро, на 19 декември, ќе потпишеме нова инвестиција со позната компанија од САД и во светот за воздушни перничиња, со мошне висока технологија.

Ќе има минимум 400 директни вработувања, а инвестицијата е од 18 милиони евра, истакна премиерот Груевски, додавајќи дека на ова се работело речиси три години.

Тој изрази надеж дека до Нова година ќе биде во можност да објави уште најмалку една голема инвестиција во еден од поголемите градови во внатрешноста, каде, како што рече, досега не е изградена нова фабрика, а на што деновиве многу се работело и е во завршна фаза на реализација.

Груевски: Над 30 странски компании со одлуки за инвестирање во Македонија Над 30 странски компании годинава имаат донесено одлука, а некои веќе инвестирале во Република Македонија, со што се отворени 11 илјади вработувања, а ќе се отворат и над 13 илјади нови директни вработувања. Шест нови компании имаат донесено интерни одлуки да инвестираат во Македонија, истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето на денешната 15­та Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО ­ ДПМНЕ.

Осврнувајќи се на сите досегашни странски компании кои веќе се присутни во Македонија и имаат отворено голем број работни места, потсети дека во последната година 17 странски компании донесоа одлуки и јавно објавија дека ќе инвестираат во Македонија, а во периодот по изборите дел од нив активно почнаа да работат, а дел веќе ги градат самите фабрики, како што се во Штип или „Диатек“ во Скопје.

Компанијата „Веибо груп“, како што рече, информирала дека за две недели ќе започне да ја гради наредната фабрика во Ранковце, каде што планира да вработи 5.600 лица.

Покрај овие три компании, осум други по изборите, рече тој, објавија одлука дека ќе инвестираат, а две компании кои веќе работат во Македонија, најавија проширување на нивните инвестиции и капацитети.

­ Со странските директни инвестиции од 2006 година досега се вработени директно 11 илјади лица, а во следните инвестиции кои се потврдени ќе се вработат најмалку директно нови 13 илјади лица, плус голем број индиректни вработувања.

Овие инвестиции носат нови технологии, знаења, нови практики и повисока додадена вредност во бруто домашниот производ.Ова е начинот како да се надмине технолошкиот јаз, кој што постои помеѓу домашната и глобалата економија. Многу е важно домашните компании да станат што повеќе добавувачи и соработници и партнери во различни делови, кои овие компании засега ги нарачуваат од странство, рече Груевски.

Ефектите од приливот на странските инвестиции се многубројни, истакна премиерот, а резултатите се зголемување на физичкиот капитал, искористување на човечкиот капитал и намалување на невработеноста, што создава основа на зголемување на иновациите во економијата, кои се значајни.

Гасификацијата на Скопје, посочи, е во напредна фаза на подготовка, односно две компании веќе влегле низ конкурентен дијалог во финализирање на овој проект.

Наскоро следи и секундарната гасификација на источна и западна Македонија.

Груевски: СДСМ не сака да ги види автопатите, фабриките, проектите кои се очигледни Во петокот е потпишан договор со ЕБОР за изградба на четири нови значајни регионални патни правци помеѓу Штип и Кочани, Прилеп и Градско, Охрид и Пештани и Струга и
Требениште. Ивестицијата е 16 милиони евра.

Првите два почнуваат кон средина на наредната година, другите два крајот на наредната година, а дотогаш се подготовките на
проектите. Тоа се дела и проекти и тоа не можеш да не го гледаш, рече Груевски на обраќањето на 15.Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО­ДПМНЕ.

­ Мислам дека СДСМ не сакаат да го видат тоа, нагласи Груевски, додавајќи дека со трите автопати кои се градат во исто време, во кои се инвестира една милијарда евра, за 50 проценти се зголемува автопатската мрежа во Македонија.

Тој притоа ги спомена и обновата на пругата на Коридорот 10, реновирањето на постојните железнички станици, обновата на товарниот и патничкиот возен парк, што е во тек.

­ За пругата кон Бугарија знам дека не сакаат да ја видат, ги потсетува на времето кога фрлија лопата и ветија дека ќе ја градат, но ниту ја изградија, ниту лопатата знаат каде им е, ниту парите кои ги дадоа знаеме каде завршија.

Градоначалникот од Центар, чиј најголем проект му е ставање бекатон плочки на 50 метарска улица и покомплексниот проект за давање отворен ден за граѓаните, повеќе со политика отколку со проекти да ја посети Националната арена Филип Втори, за која тврдеше дека ќе падне, нема паднато досега, рече Груевски.

СДСМ колку и да сакаат, додаде, не можат да ги избришат фабриките кои се изградија, се градат и ќе се градат, не можат да ја дефокусираат јавната политичка дебата, осврнувајќи се на пример на проектот Скопје 2014 и изградените водоводи, субвенциите, патиштата, медицинската опрема, повисоките плати и пензии.

­ Не разбираат дека се ова заедно во пакет го носи успехот и победата на ВМРО ­ ДПМНЕ, истакна Груевски, додавајќи дека во СДСМ имаат реализирано еден значаен проект, како што рече, шарање по врати на пратенички со фломастер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП