26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Дополнителни економски санкции не се планирани

Меркел: Дополнителни економски санкции не се планирани

G

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денес дека во овој момент не се планирани дополнителни економски санкции против Русија поради кризата во Украина.

Меркел изјави дека не задоволна поради кршењето на договорот за прекин на огнот и одржувањето на избори на територијата под контрола на проруските сили.

„Не сме задоволни со ситуацијата во врска со договорот од Минск, затоа што голем дел од тој договор не се применува“, изјави Меркел.

Таа додаде дека ќе разговара со украинскиот претседател Петро Порошенко и рускиот лидер Владимир Путин.

Таа, сепак, нагласи дека „дополнителни економски санкции не се планирани во овој момент. Фокусирани сме на зимата и хуманитарната ситуација во тоа подрачје и како да постигнеме вистински прекин на огнот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП