27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто е поздраво – путерот или маргаринот?

Што е поздраво – путерот или маргаринот?

boximage (15)

Веројатно веќе го насетувате одговорот, а еве го и објаснувањето…

Кога зборуваме за путерот и маргаринот, прашањето не би требало да гласи што е поздравo, туку што е помалку штетно за нас, а во тој случај, путарот е „помалото зло“, пишува порталот „womenshealthmag.com“.

Путерот и маргаринот содржат речиси иста количина на калории и масти – една лажица од овие намирници има 100 калории и околу 11-12 грама масти. Најголемата разлика е во типот на мастите кои се наоѓаат во нив.

Една од разликите е во тоа што маргаринот содржи поголем процент на анти-инфламаторни здрави моно и полинезаситени масти, додека путерот главно содржи заситени масти. Тие заситени масти имаат лоша репутација и имаат лошо влијание на здравјето и холестеролот.

И покрај тоа што содржи заситени масти, путерот е сепак поздрав од маргаринот. Зошто е тоа така? Поради тоа што многу видови на маргарин ја содржат опасната состојка – транс масти. Ова е најнездравиот вид на масти и имаат исклучително негативно влијание на здравјето на срцето и општото здравје.

Во секој случај, ниту путерот ниту маргаринот не се намирници кои нутриционистите ги препорачуваат. Поради тоа, како намаз изберете нешто поздраво како грчки јогурт, хумус или намаз од авокадо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП