28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлоба за непослушните општинари

Глоба за непослушните општинари

kuka

Општините во Македонија се уште воопшто не постапувале по 70.000 предмети од граѓани со барање за легализација на дивоизградени објекти. Државниот управен инспекторат им даде рок од 30 дена да постапат по предметите, а во средината на март ќе изврши контролен надзор на преземените активности по што ќе се следат казни.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и директорот на Државниот управен инспекторат, Ромео Деребан, денеска на прес-конференција инфомираа дека управните инспкетори извшиле контроли на спроевдувањето на Законот за легализација во сите општини и изготвиле 78 решенија. Со нив им е наложено да ги отстранат утврдените недостатоци, кои се однесуваат на пролонгирање на роковите пропишани со Законот.

„Со решенијата им е наложено на градоначалниците или на службените лица  кои ја водат постапката, во рок од 30 дена да донесат решенија за предметите кои се комплетирани, односно за кои  странките ги приложиле потребите документи и да го утврдат правиот статус, да го уважат или да го одбијат барањето на странката. Исто така во рок од 30 дена треба да донесат заклучок за прекин на постапката   каде што предметите не се комплетирани“, рече Деребан.

Доколку не постапат по укажувањата и не одговорат соодветно на предметите ќе следи прекршочна постапка и глоби за градоначалникот и општинските службеници чиј износ се движи од 7.500 до 15.000 евра за градоначалникот, односно од 1.500 до 3.000 евра за службеното лице.

Според Јанакиески, при контролите е утврдено дека од вкупно 354.169 поднесени барања за легализација пред две години кога стапи во сила  Законот,  досега со издадени решенија се легализирани 42.997 објекти. Од нив, 35.710 се впишани во Катастар и за нив граѓаните имаат право на сопственост. Општините досега одбиле 497 барања за легализација, ја прекинале постапката за 234.132 предмети, претежно поради некомплетна документација, а во тек е постапка за 67.172 предмета.

Министерот за транспорт очекува сите 78. општини  кај кои се утврдени недостатоци во наредните 30 дена да се корегираат.

„Објективно овие 70.000 предмети може да се решат во тој период бидејќи  речиси  во сите општини има голем број предмети што не се решени. Во Струга не се решени 4.157 предмети, во Куманово 5.404, Липково 4.449, Струмица 368, Арачиново 2.015“, наведе Јанакиески.

Има општини и без нерешени барања, како што се Аеродорм, Битола, Ѓорче Петров. Во Аеродром поднеле барање 8.056 граѓани, легализирани се 806, 20 се одбиени, а постапката е прекината  за  7.216.

Најмногу решенија за легализација досега издале  Штип  3.126, Прилеп 2.891, Илинден 1.869, Кочани 1.468, Битола  1.758, Бутел 1.425…

Јанакиески повтори дека очекува до крајот на годинава да бидат легализирани над 100.000 дивоизградени објекти и апелира граѓаните што поскоро да ја комплетираат документацијата  со доставување во најголем број случаи геодетски елаборати. Со последните законски измени  рокот за комплетирање на документацијата со елаборат истекува во јуни следната година. По тој датум граѓаните или фирмите што поднеле барање за легализација го губат таквото право.

„Апелирам до општините ажурно да го имплементираат целиот процес за легализација  и навремено да постапуваат по комплетираните барања, за да може процесот за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти што поскоро да заврши“, додаде Јанакиески.

Заменик-министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска ги повика сите граѓани кои сметаат дека има какви било неправилности во водењето на управните постапки од страна на централната и локалната власт да поднесат претставка до Државниот управен инспекторат или да  се јават на бесплатниот телефонски број 0800 11199. На тој начин, како што рече, ќе се утврди дали има  неправилностите и ќе се преземат законски мерки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП