26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПилоти и авиомеханичари- најбарани работни места во следните 20 години

Пилоти и авиомеханичари- најбарани работни места во следните 20 години

piloti

Побарувачката за пилоти во текот на следните 20 години ќе порасне, судејки според обемот на испорака на нови авиони, сметаат експертите на американскиот производител на авиони-Боинг.

Во периодот од 2014-2033 ќе бидат потребни 533.000 нови пилоти, према најновата проценка на експертите од Боинг кои за седум отсто ја зголемиле прогнозата во која се наведува дека од 2013-2032 ќе бидат вработени 498.000 пилоти.

На авиокомпаниите во текот на следните две децении ќе им бидат потребни 584.000 нови авиомеханичари, што е повеќе од предходната проценка во минатогодишниот извештај на Боинг од 556.000.

Азиско-пацифичкиот регион, каде авиосообраќајот е во полн подем, ќе бидат потребни најмногу пилоти и авиомеханичари. Се проценува во тој регион да бидат регрутирани 216.000 пилоти и 224.000 механичари.

Во Европа во следните две децении ќе бидат вработени 94.000 пилоти и 102.000 механичари. Северна Америка ќе вработи 88.000 пилоти и 109.000 механичари, а во Латинска Америка 45.000 пилоти и 44.000 механичари.

На Блискиот Исток ќе бидат потребни 55.000 нови пилоти и 62.000 механичари. Во Африка 17.000 пилоти и 19.000 механичари.

Регрутирање на пилоти ќе биде глобален проблем кој ќе може да биде решен само со заеднички напор на сите заинтересирани страни, авиопревозници, производители на авиони, школа за обука на пилоти и авиомеханичари, се наведува во извештајот на американската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП