26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПобрз и поубав Android!

Побрз и поубав Android!

android l 299

Оперативниот систем „Android L“ ќе биде една од најголемите промени кои ќе ја доживеат „Google“ телефоните.

„Android L“ ќе им биде достапен на корисниците веќе оваа есен, што значи дека најверојатно ќе го следи и претставување на нов модел на „Google“ телефон, односно „Nexus“. Најголема промена ќе се однесува на досегашниот „Android“, поточно на дизајнот на интерфејсот кој е наречен „Material Design“. Претставувањето на секоја сенка, анимација и слоеви на слики е реалистична.

„Google“ инсистира на тоа „OS“ да биде многу интуитивен и забележлив за човековото око, а со тоа дополнително да им се доближи на корисниците. Фонтот „Roboto“ исто така е подобрен, па гледањето на телевизија или користење на мобилните уреди на корисниците ќе им изгледа исто.

Нотификациите и заклучувањето на екранот добија подобрувања во вид на спојување во една голема површина која му ги нуди на корисникот сите важни информации. Основната идеа е „Android L“ да влезе во навиките на корисниците и на тој начин да нуди поедноставна интеракција која ќе го олесни користењето.

Нотификациите нема да го прекинуваат корисникот во одредена апликација, туку само ќе даваат основни информации во аголот, па така нема да пречат. Начинот на заклучување ќе може да се подеси врз основа на локацијата или поврзувањето на уредите.

„Google“ доста работеше на подобрување на перформансите, па така да можат да извлечат што е можно повеќе од се подобриот хардвер на новите телефони. Тоа што многумина ги радува е тоа што батеријата кај тие модели ќе трае подолго за една третина од времето во однос на сегашната верзија на „Android“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП