26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: ФИФА ги штити спонзорите, СТОП за Beаts слушалките

СП 2014: ФИФА ги штити спонзорите, СТОП за Beаts слушалките

neymar-beats

ФИФА им забрани на фудбалерите да ги носат слушалките на брендот „Beats by Dre“ додека се на стадионите или во официјалните зони на Светското првенство.

Популарниот бренд слушалки е дел од стилот на Нејмар, Руни, Луис Суарез, како и многу други спортски ѕвезди во светот.

Спонзорот на ФИФА,„Sony“, сепак веќе ги има за директен ривал „Beats“, откако тие станаа сопственост на „Apple“.

Затоа, од „Sony“ бараат овие слушалки да не се во центарот на случувањата за време на Мундијалот.

Според експертите, тоа сепак ќе има сосема спротивен ефект, и повеќе слушалки на „Beats“ ќе се продаваат, бидејќи се забранети. Фактот дека фудбалерите избираат да ги користат, кога не се под светлата на рефлекторите, туку во слободно време, исто така, придонесува за нивната популарност.

За време на Олимпијадата во Лондон, „Beats“ испрати илјадници бесплатни слушалки на спортистите на Игрите, со што го надитрија официјалниот спонзор „Panasonic“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП