2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија сепак губи многу повеќе отколку ЕУ

Русија сепак губи многу повеќе отколку ЕУ

P

Влошената ситуација во Украина многу повеќе ќе ја влоши руската економија, отколку економијата на ЕУ, вели европскиот комесар за економски работи, Сим Калас.

Калас наведува дека руската економија веќе покажува знаци на влошување како резултат на тензиите во Украина, пренесува агенцијата Франс прес.

Еден од примерите за тоа е одливот на капитал од Русија како директна последица на цврстиот став на Москва околу Украина по спојувањето на Крим со Русија, како и значителниот пад на руската валута поради кризата, наведе тој.

Покрај тоа, евентуалниот прекин на снабдувањето на гас во Европската унија би значел голема финансиска загуба за руската економија, која веќе е во рецесија.

Калас, сепак, наведува дека во случај на најлошото сценарио кое го разгледала ЕУ, украинската криза негативно би влијаела и на 28-члениот европски блок. Најлошото сценарио е кога Русија би вовела рестрикции на движењето на капиталот.

„Тоа би влијаело и на европската економија…. секако војната носи низа сериозни последици“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП