26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстриското обвинителство води истрага за перење пари против Украинци Препорачано

Австриското обвинителство води истрага за перење пари против Украинци Препорачано

LatinAmerica

Државното обвинителство во Виена води истрага против повеќе лица, блиски на соборената украинска влада, потврди Министерството за правда.

На прашање на пратениците од партијата НЕОС потврдено е дека се води истрага под сомнение за перење пари или кршење на санкциите против руски и украински функционери.

Обвинителство не објави на кого конкретно се однесува истрагата.

Постапката е покрената на почетокот на годината на пријава за сомнеж за перење пари, поднесена од криминалистичката полиција.

Австрија кон крајот на февруари на барањето на новите власти во Украина ги замрзна сметките на 18 Украинци во австриските банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП