26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБобинки полни здравје

Бобинки полни здравје

baya-goji

Билката гоџи, чии слатки црвеникави плодови содржат 19 амино-киселини, минерали, германиум, витамини од Б групата, го привлече вниманието на научниците кога воочиле дека со неа се хранат волци.

Гоџи ги нарекуваат „бобинки на среќата“, бидејќи носат добро расположение, одличен сојузник се во борбата против болестите и го забавуваат стареењето.

Гоџи бобинките растат на Хималаите, на Тибет, во Монголија и во Кина. Постојат многу легенди за оваа билка, а повеќето се однесуваат на нивната способност да го продолжат
животот и да го забавт процесот на стареење.

Ова е единствен вид растение кое содржи германиум, минерал кој се покажал многу успешен во борбата против ракот, богат е со витамини, особено со Б1, Б2, Б6, неопходни за создавање
на храната во енергија.

Одличен извор е на есенцијални масни киселини, линоленска и Омега-6, кои учествуваат во производството на хормони и обезбедуваат непречено функционирање на мозокот и нервниот систем.

Црвените бобинки содржат бета-ситостерол, кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта, поради што ова овошје е идеално и како превенција на атеросклероза.

Гоџи ги ублажуваат нуспојавите од радиотерапија и хемотерапија, го забавуваат развојот на компликации на дијабатес, го штити црниот дроб, бубрезите и мочниот систем, го поттикнува
производството на сперматозоиди.

Научните истражувања покажале дека гоџи бобинките го зголемуваат нивото на тестостерон во крвта, го јакнат либидото и кај мажите и кај жените. За добро здравје доволно е да се
изедат четири до пет бобинки дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП