27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто треба да консумирате доматен сос?

Зошто треба да консумирате доматен сос?

domaten sos1

Освен што е одличен прилог со различни јадења, вкусниот сос од домати поволно влијае и на здравјето.

Поради своите хранливи и енергетски состојки, но и феноменалниот вкус на домати, тој речиси секојдневно е присутен на трпезите. Истражувачите од Универзитетот во Верона се позанимаваа со оваа состојка и открија интересни факти.

Во истражувањето учествуваа 20 луѓе. Една полвина доби оброци со доматен сос, додека другата половина доби оброци без доматен сос. Врз основа на резултатите, научниците заклучиле дека ако внесеме само 80 грама од овој здрав прилог дневно, можеме да ги неутрализираме негативните последици на масната храна по крвните садови.

Исто така, откриено е дека антиоксидансот ликопен, кој го подобрува здравјето, повеќе се наоѓа во зготвениот доматен сос, отколку во сировиот.

Оние кои не се љубители на сирови производи, овој факт многу ќе ги израдува. Освен што ќе уживате во омилениот сос, ќе бидете и здрави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП