26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ30 минути пешачење - рецепт за здрав живот

30 минути пешачење – рецепт за здрав живот

peshachenje1

Сите знаеме дека ќе бидеме поздрави и посреќни доколку редовно вежбаме, ама и покрај таквите познавања, вежбањето ретко го применуваме во пракса.

Федералната влада на САД им препорачува на своите граѓани да вежбаат најмалку три часа седмично. За обичниот човек кој што своето слободно време го троши пред телевизорот или компјутерскиот монитор јадејќи чипс или чоколада, ова звучи како многу тешка задача.

За оние кои се мрзеливи, веројатно следното ќе биде добра вест. Едно ново истражување вели дека и со минимална количина на физичка активност, вашиот организам ќе ви биде благодарен. Научниците на база на претходни истражувања заклучија дека со само 250 минути вежбање во текот на една седмица ризикот од болестите на срцето се намалува за 16 проценти.

Се разбира, подобро е доколку повеќе се вежба. Оние кои што имаат навика дисциплинирано да вежбаат до 300 минути седмично го смалуваат ризикот за срцева болест за 20 проценти.

Научниците открија дека и минималното време кое е употребено за физичка активност носи огромна корист за здравјето. Доколку не можете повеќе, би било корисно да вежбате и 210 минути неделно, односно да пешачите дневно барем 30 минути.

Сепак, ние би додале дека доколку веќе одвоите 30 минути за дневно пешачење, веруваме дека може да одвоите уште 30, и да ги направите дневните прошетки барем 1 час. Во тој случај освен вашето срце, благодарен ќе ви биде и вашиот ум, односно ќе имате многу подобро расположение, а и вашето тело ќе го одржувате во прекрасна форма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП