3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовинарите пред Влада: Стоп за заканите и притисоците

Новинарите пред Влада: Стоп за заканите и притисоците

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, на протестот пред Владата вели дека заканите од фалмилијата Асани продолжувале кон членови на неоговото семејство. Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност вели дека Владата излегла со реакција и осуда, а на ова, Селмани му кажа дека да си ги врзат кучињата од коалицијата.

„Заканите од фамилијата Асани продолжуваат кон членови на моето семејство. Очигледно вие не правите доволно тој човек да се смири. Затоа ви кажувам, врзете ги кучињата. Тоа се ваши кучиња. Тие луѓе се дел од вашата коалиција. Нема оправдување за ова. Тие луѓе мора да бидат врзани за да не касаат. Кога ќе касаат, ќе биде касно и нема никој да може да ни помогне“, рече Селмани обраќајки му се на минситерот Поповски.

По ова, министерот Роберт Поповски рече дека ставот на коалициониот партнер во Владата, ДУИ, е ваквите закани да престанат.

„Предметот сега е во Обвинителството. Апелирав дека кога говориме за решавање на проблемите, треба да гледаме генерално“, рече Поповски и го повика Обвинителството да си ја заврши работата.

Новинарите побараа од Владата на дело да покаже дека се залага за функционирање на секој сегмент на правната држава, заедно со слободата на говорот и интегритетот на новинарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП