6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре Македонците во повеќе од 20 светски метрополи ќе протестираат под мотото...

Утре Македонците во повеќе од 20 светски метрополи ќе протестираат под мотото „Ние сме МАКЕДОНИЈА“

Утре, на 4-ти март, Македонците во повеќе од 20 светски метрополи ќе протестираат под мотото „Ние сме МАКЕДОНИЈА“ !

Овие  протести се во одбрана на македонските човекови права и за зачувување на македонскиот јазик, идентитет и државност.

Во Сиднеј, Македонците од Нов Јужен Велс ќе се соберат во 10 часот, пред сиднејскиот Town Hall, откаде што ќе маршираат до Martin Place, каде што, лидерите на македонската заедница, ќе им се обратат на присутните.

“Овој масовен, семакедонски народен собир под мотото „НИЕ сме Македонија“, е во знак на солидарност со понижените, уценетите и угнетените браќа и сестри во Македонија, но и да се искаже револтот на МАКЕДОНЦИТЕ од целиот свет против домашните квинслизи и предавници за незаконските преговори за уставното име, Република Македонија, за бесрамните и понижувачки Закони и Договори што ги потпишуваат и донесуваат преставници на нелегитимната, самоизбрана Влада и Собрание на Македонија, а се против македонскиот идентитет, јазик и богатата македонска култура и историја”, изјавија организаторите.

“Сите луѓе кои што имаат крв македонска, заедно со сите оние што ја сакаат Македонија, треба да се приклучат на овие протести и да станат дел од оваа глобална иницијатива во одбрана на нашите човекови права, на нашето македонско име, нашиот македонскиот идентитет и јазик”, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП