26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе се одмазди: Производи од САД на „црната листа“

ЕУ ќе се одмазди: Производи од САД на „црната листа“

Европската унија ја подготвува „црната листа” со американските производи, доколку официјален Вашингтон го ограничи увозот на алуминиум и челик, пишува германскиот „Frankfurter Allgemeine Zeitung”.

Американското Министерство за трговија минатата недела го повика претседателот Доналд Трамп да воведе царини или квоти за металите од странство, наведувајќи ја како причина загриженоста за националната безбедност, пренесе агенцијата АП.

Меѓутоа, Европската комисија, според пишувањето на германскиот весник, планира „одмазда” со воведување царини за одредени производи од САД, меѓу кои се, меѓу другото, вискито, моторите „Харли Дејвидсон” и џусот.

Портпаролот на Комисијата Маргаритис Шинас одби да ги коментира таквите наводи, но рече дека ЕУ ќе преземе “соодветни мерки за одбрана на својата индустрија”.

“Официјален Брисел е подготвен да реагира брзо и соодветно во случај нашиот извоз да биде погоден од рестриктивни трговски мерки од САД”, изјави Шинас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП