26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Најбогатите градови во светот

График на денот: Најбогатите градови во светот

Кои градови се економските двигатели на светот и кој дел од глобалното богатство е во овие клучни урбани центри?

Денешниот график ги прикажува информациите од најновиот извештај на консултантската компанија „New World Wealth“, која неодамна покажа промени во глобалното богатство во изминатата деценија, коментира „VisualCapitalist“.

Бројките во графиконот го претставуваат вкупниот износ на приватното богатство што го имаат сите лица во секој од овие градови. Тие ги вклучуваат сите средства (имот, пари, акции, деловни интереси) без никаква обврска. Во исто време, сепак, државните ресурси се исклучени од овие податоци.

Така, извештајот покажува дека најбогатиот град во светот е Њујорк со 3.000 милијарди долари. Веднаш зад него е Лондон кој им има 2.700 милијарди долари, а трето место е за Токио со 2.500 милијарди долари. Последен, но не и најмалку важен, меѓу 15-те е Париз со богатство од 860 милијарди долари или три и пол пати помалку од лидерот на ранг-листата.

„New World Wealth“ вели дека постојат осум градови кои не влегле во топ 15: Хјустон, Женева, Осака, Сеул, Шенжен, Мелбурн, Цирих и Далас.

Според извештајот во последните 10 години градовите со најбрз стапка на раст на богатството се Сан Франциско, Пекинг, Шангај, Мумбаи и Сиднеј. Покрај тоа, се очекува Мумбаи да биде градот, кој ќе се зголеми побрзо според овој индикатор во следната деценија.

Извештајот, исто така, вели дека два кинески градови треба да ги очекуваме за во иднина.

Првиот е Шенжен, чие богатство изнесува 770 милијарди долари и за малку не влезе во топ 15. Тој се смета за високотехнолошка престолнина на Кина и дом на „Shenzhen Stock Exchange“, освен ова е втор по големина во Кина и осмиот во светот. Водечкиот производител на „Huawei“ паметните телефони исто така е со седиште во градот.

Другиот град е Хангжу со богатството од 425 милијарди долари, градот не може да се поклопи со останатите. Тој, сепак, всушност е на 45 минути возење со воз од Шангај и многу луѓе кои работат во Шангај често имаат домаат таму, бидејќи се смета за живописен. Хангжу е најбрзо растечкиот голем град во Кина, од гледна точка на богатството, а гигантот во електронската трговија „Alibaba“ исто така го нарекува градот за свој дом.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП