26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредупредување од ЕУ: Криптовалутите не се добри

Предупредување од ЕУ: Криптовалутите не се добри

Дигиталните валути не се замена за конвенционалните пари кои ги издаваат и со кои управуваат централните банки, изјави членот на Управниот одбор на ЕЦБ, Јенс Вајдман.

Дигиталните валути, како што е биткоинот не се добро средство за плаќање, бидејќи нивните вредности многу брзо се менуваат, оцени Вајдман, кој е и гувернер на Централната банка на Германија, пренесува агенцијата АП.

„За стабилен монетарен и финансиски систем не ни требаат криптотокени, туку централни банки со обврска да ги стабилизираат цените и ефиканска банкарска регулатива, а ние го имаме и едното и другото во еврозоната“, порача Вајдман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП