5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес променливо облачно, температурата до 15 степени

Денес променливо облачно, температурата до 15 степени

Утринава во поголемиот дел од земјава преовладува ведро време со мала до умерена облачност, а во западните делови има локално зголемена облачност.

По одделни котлини има магла и ниска облачност со намалена видливост која во Скопската котлина и Д. Капија се движи од 50 до 250 метри. Дува слаб ветер од променлив правец, особенона повисоките места и планините, информира УХРМ.

Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови претежно облачно. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7до 15 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дув слаб до умерен северозападен ветер.Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 9 степени.

Времето утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови.

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса за време на викендот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и планините врнежите ќе бидат од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните и југозападните делови, особено во сабота. Вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови се очекува да надмине 30л/м2. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините во западните и јужните делови позначително ќе се зголеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП