5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес сончево со мала до умерена облачност

Денес сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска во поголемиот дел од земјата е ведро и посвежо, со слаб југоисточен ветер. На југоисток има мала до умерена облачност, а во Демиркаписко слаба магла.

Од УХМР информираат дека времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност од средината на денот и со слаб до умерен југоисточен ветер најизразен вдолж Повардарието. На југоисток ќе има повремено зголемена облачност и услови за појава на слаб локален дожд. Температурата во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала облачност, а од средината на денот облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер кој ќе остане да дува и пеку ноќта. Температурата до 13 степени.

Утре од предпладне и на југозапад ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Поради влажен воздушен бран од средината на денот од западните делови ќе започнат врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет кои попладне и вечерта ќе се преместуваат кон исток. На високите планини овие врнежи ќе се од снег. Ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен вдолж Повардарието. Во четврток и петок ќе преовладува стабилно време, а нов влажен бран со пообилни врнежи се очекува за време на викендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП