26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтолтенберг: Земјите членки се воодушевени од тоа колку Македонија е посветена да...

Столтенберг: Земјите членки се воодушевени од тоа колку Македонија е посветена да се приклучи кон НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред пратениците и Владата искажа воодушевување од напредокот на Македонија по 27 април и упадот во Собранието. Тој кажа дека земјите членки се воодушевени од тоа колку Македонија била посветена да се приклучи кон НАТО. Столтенберг рече дека е добро да се биде амбициозен, но мора да се биде и реален.

„Настаните во оваа зграда во април минатата година ме шокираа. Тоа беше шок за сите членки на НАТО. Но, ние сме импресионирани од тој ден натаму. Сакам да го признам напредокот што сите го направивте. Ми се допаѓаат оптимизмот и истрајноста. Јас ги разбирам предизвиците што ви стојат на патот. Во мојата кариера научив дека онаму кај што има инклузивност има и истрајност. Принципите на слобода и владеењето на правото го дефинитираат битието за тоа што се оваа земја и НАТО денес. НАТО покажа дека патот за да се приклучите кон алијансата е отворен за земјите што ги исполнуваат принципите на договорот од Вашингтон“, рече Столтенберг.

Столтенберг пред пратениците и Владата рече дека од држава пред пропаст Македонија е функционална земја. Земајќи ги превид настаните од пред 9 месеци, каде што, според него, Македонија била на работ од една карпа, сега се отворени повеќе врати кон нова и просперитетна иднина, кон ЕУ и НАТО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП