4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеј и Јункер не постигнале целосна согласност за Брегзит

Меј и Јункер не постигнале целосна согласност за Брегзит

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, соопшти дека сè уште не е постигната целосна согласност со Британија за натамошните чекори во процесот на нејзиното напуштање на Европската Унија.

Јункер вчера се сретна со британската премиерка Тереза Меј, по што изјави дека очекува разговорите да продолжат при крајот на неделата.

„И покрај големите напори и напредокот постигнат во изминатите денови, има потреба од дополнителни преговори. Денес ги приближивме нашите позиции, а подготвени сме да ги продолжиме преговорите подоцна неделава. Тереза Меј е тежок соговорник, таа енергично ја штити позицијата на Британија, а и јас го правам истото во име на ЕУ“, изјави Јункер.

Според Меј, во преговорите бил постигнат голем напредок, но остануваат некои разлики во ставовите. Таа четири часа преговараше со Јункер, по што замина на средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Британија и ЕУ преговараат за нивните идни односи по британското напуштање на ЕУ. Клучни прашања се трговските односи, надоместот што Британија треба да ѝ го плати на ЕУ за преземените долгорочни буџетски обврски, статусот на државјаните на земјите-членки на ЕУ што живеат во Британија и регулирањето на границате меѓу Република Ирска и Северна Ирска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП