4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел: Во најава е постигнување договор за Брегзит

Брисел: Во најава е постигнување договор за Брегзит

Шансите за постигнување договор, кој ќе дозволи следна фаза од преговорите за брегзит, се 50-50, рече преговарачот на Европскиот парламент, Гај Верхофштат. Тој истакна дека договорот за границата со Ирска, британскиот закон за развод и за граѓанските права е можен.

Британската премиерка Тереза Меј подоцна ќе се сретне со клучните фигури на ЕУ во обид да го потпише договорот пред самитот за 10 дена.

Секретарот за брегзит, Дејвид Дејвис, рече дека тоа е важен момент и дека напредокот во следната фаза е од витално значење.

Според најавите, Меј ќе се состане со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и Доналд Туск, претседател на Европскиот совет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП