6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно во Валандово се протестира против рудниците

Повторно во Валандово се протестира против рудниците

Во Валандово повторно ќе се протестира против отворањето на рудниците „Казандол“, „Иловица“ и „Боров Дол“. Граѓаните бараат итно стопирање бидејќи, според нив, место за рудници со отворен коп нема.

Маршот ќе почне да се движи кон крајната цел: регионалната крстосница Валандово – Пирава – Марвинци во 13 часот. По блокадите на крстосницата и споделувањето на барањата, маршот ќе продолжи кон почетната точка во Валандово.

Во склоп на овој масовен собир на граѓаните од југоистокот во 15 часот ќе започне „Конференцијата на граѓаните против рудниците на смртта“, каде што ќе може да чуеме слични искуства од стопирање рудници од пријатели од Романија, како и од пријатели од соседните Грција и Бугарија. Исто така, ќе имаме простор за дискусија на тема: „Што од овие искуства ние како граѓани на југоистокот на Македонија можеме да искористиме во нашата борба против рудниците на смртта?“, велат организаторите на протесниот марш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП