4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките доверители излегоа со соопштение во врска со понудата на „Енекод“ за...

Банките доверители излегоа со соопштение во врска со понудата на „Енекод“ за спас на „Фени“

Во врска со неофицијалните информации пласирани во повеќе медиуми дека „Енекод“ понудил 35 милиони евра за спас на „Фени“, банките доверители укажуваат дека во јавност нема да ги коментираат елементите од понудата.

“Укажуваме дека хартијата трпи се`, а сериозна понуда треба да биде поткрепена или со банкарска гаранција или со депонирани средства”, велат од банките.

“Повторно нагласуваме, дека банките доверители имаа еден единствен предуслов за да ја анализараат сериозноста, издржаноста и прифатливоста на понудата од понудувачите, а тоа е претходно да ја исплатат заостанатата плата на вработените од сопствени средства”, истакнуваат од банките доверители.

“Утрово, како што веќе информиравме, „Енекод“ не извести дека нема да бидат во можност да ги исплатат платите на вработените во Фени”, се додава во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП