26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕГрчките богови би биле воодушевени од овој хотел (фото)

Грчките богови би биле воодушевени од овој хотел (фото)

Фасцинантниот хотел Poseidonion Grand Hotel е отворен во дамнешната 1914 година на обалата на Егејското море на грчкиот остров Speces.

Покриено со сонцето и историјата, малото грчко островче е иделана локација за хотел на кој и грчките богови би биле горди. Ова е совршено место на Земјата за бегство од реалноста, за одмор и релаксација и сето тоа во магично опкружување.

Хотелот е изграден во Belle Epoque па тој стил послужил како инспирација и за креирање на новоотвореното крило на хотелот кој е декориран со дрво, бела боја и интригантни плочки. Хотелот Poseidonion нуди 55 елегантни апартмани и слободно можеме да кажеме дека секој од нив го краси беспрекорен стил во кој доминираат подовите од квалитетно дрво како и најсовремената техника.

Некои од собите поседуваат шармантни балкони со поглед на морето или градината, додека апартманите имаат дополнителен и одделен дневен простор, а еден апартман дури поседува и приватен базен.

Во рамки на хотелот се наоѓа и Library bar каде служат фантастични коктели. Нормално, хотелот нуди и два фантастични ресторани – Aneton on the Verandah, каде можете да уживате во грчките специјалитети или Freud Oriental каде во понудата е фузија од јапонската кујна.

Составен дел од овој хотел е и SPA центарот како и базенот во кој ќе заборавите на сите свои грижи и проблеми.

Размислете за островот Speces како за ваша наредна дестинација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП