4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтрајк на вработените во Фени, бараат да се стопира стечајот

Штрајк на вработените во Фени, бараат да се стопира стечајот

Некои од вработените во металуршкиот комбинат „Фени“ утрово излегоа на штрајк. Од дворот на фабриката, собраните работници, на дожд, тргнаа кон локалните претставништва на банките, кредитори на фабриката. Тие не се согласни фабриката да оди во стечај. Претседателот на синдикатот, Ѓоре Палитов, вели дека преку штрајкот бараат исполнување на три основни барања.

„Нашето главно барање е фабриката да не оди во стечај, банките да го повлечат предлогот за стечај, бараме платите да ни се исплаќаат во целост и до продажбата на фабриката сите да имаат статус вработени во нашата компанија“, рече Палитов и најави говор пред банките.

На штрајкот се излезени само некои од вработените. Другите велат дека претседателот на синдикатот е продолжена рака на раководството кое притиска фабриката да ја добие бугарската компанија „Енекод“ за која банките велат дека се сомневаат дека има капацитет да ги преземе обврските на „Фени“.

Вработените што не излегоа на штрајк не се задоволни од Палитов, кој според нив ги игнорирал сите досегашни обиди за штрајк, а за сегашниот не ги консултирал, туку сам ја донел одлуката. Тие најавија дека се организираат да изберат ново синдикално раководство.

Поради долг од 40 милиони евра кон нив, банките предложија стечај за „Фени“, а фабриката има и долг кон другите доверители од 20 милиони евра. Рочиштето на кое ќе се разгледува можноста да биде отворен стечај за „Фени“ е закажано за 13 ноември.

Директорот Јусуф Миракхмедов и раководството на фабриката добија кривична пријава од малцинскиот сопственик на „Фени“, а против Миракхмедов кривична пријава поднесе и Управата за финансиска полиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП