4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп побара од Конгресот дополнителни 5,2 милијарди за вооружување

Трамп побара од Конгресот дополнителни 5,2 милијарди за вооружување

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот дополнителни 5,2 милијарди долари за унапредување на американската одбрана. Трамп за унапредување на ракетната одбрана, поради спротивставување на севернокорејската нуклеарна закана, бара четири милијарди долари.

„Ова барање ги поддржува дополнителните напори да се открие, порази и одбрани од било која севернокорејска употреба на балистичка ракета против САД, нивните сили, сојузниците или партнерите“ напиша Трамп во писмо упатено до Конгресот.

Тој бара 1,2 милијарди долари за зголемување на военото присуство во Авганистан и спроведување на јужноазиската стратегија. Во барањето за тие дополнителни буџетски средства, американскиот претседател навел дека средствата за Јужна Азија ќе бидат употребени за распоредување на уште 3.500 војници. Тој бара и 700.000 долари за поправка на морнарските бродови по нивните недамнешни судари. Трамп своите барања до Конгресот ги упатил за време на неговата азиска турнеја, која е во тек.

Тој претходно бараше 9,9 милијарди долари за период до 30 септември 2018 година за ракетна одбрана, што одделни конгресмени го оценија како многу мал износ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП