5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремето денес облачно и ветровито

Времето денес облачно и ветровито

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне со подолги сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 2 до 8, а максималните од 10 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со подолги сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од 5 до 14 степени.

В четврток и в петок ќе преовладува сончево и значително потопло време, но утринските температури ќе бидат пониски, во интервал од -2 до 7 степени. Нов влажен и студен бран се очекува в сабота кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има повремени врнежи со послаб интензитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП