28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуск за Брегзит: Откажувањето се уште е опција

Туск за Брегзит: Откажувањето се уште е опција

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека резултатот од напнатите разговори за Брегзит, зависи од Лондон и дека откажувањето на разводот и натаму е опција.

„ЕУ ќе биде во состојба да одговори на секое сценарио додека не сме поделени“ рече Туск пред пратениците во парламентот.

„Од Лондон зависи како ќе се заврши: со добар договор, без договор или без Брегзит“ рече Туск. Тој наведе дека ЕУ успаела да постигне големо единство меѓу останатите 27 членки, но дека пред нив следи најтежок тест.

Тој истакна дека во декември очекува завршување на преговорите за одделување и почеток на нови преговори за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија. Тој им порача на британските пријатели дека ЕУ ќе им пристапи на преговорите позитивно и контруктивно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП