5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоветот на ЕУ и понатаму ги заострува санкциите против Северна Кореја

Советот на ЕУ и понатаму ги заострува санкциите против Северна Кореја

Советот на Европската унија (ЕУ) дополнително ги зајакна санкциите против Северна Кореја во согласност со одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), соопшти прес-службата на Советот.

Резолуцијата на Советот за безбедност беше усвоена на 11-ти септември. Документот забранува продажба на течен природен гас во Пјонгјанг, како и увоз на текстилни производи од земјата.

Исто така, се предвидува ограничување на продажбата на нафта и нафтени продукти во Северна Кореја.

Земјите-членки на ЕУ веќе нема да имаат право да издаваат работни дозволи за севернокорејските државјани на нивната територија, бидејќи се сомневаат дека нивните приходи одат за поддршка на нуклеарната и балистичката програма на Северна Кореја.

Резолуцијата, исто така, предвидува некои исклучоци за хуманитарни цели.

Во „црната“ листа на лични санкции на ЕУ се вклучени 63 лица и 53 компании од Северна Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП