24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВработените во McDonalds остануваат на работа

Вработените во McDonalds остануваат на работа

mcdonalds

Сите 236 вработени во McDonalds рестораните во Македонија ќе останат на работа. Ова им го порача сопственикот на компанијата Светозар Јаневски на своите вработени на денешната средба иницирана од негова страна.

На состанокот, како што информираат од компанијата, присуствувале и претставници на менаџментот на компанијата која ја има McDonalds франшизата во Македонија.

На вработените им било кажано дека компанијата ќе продолжи со работа и покрај привременото затворање на рестораните.

– Компанијата „СЈ“, франшиза на McDonalds за Македонија од 1997 година, ќе продолжи да бара решение кое ќе ни овозможи повторно да ги отвориме вратите на нашите ресторани, што е можно побрзо. За таа цел, се надеваме на корисни преговори со McDonalds корпорацијата, кои ќе овозможат да продолжи функционирањето на  McDonalds франшизата во што досега се инвестирани над 6 милиони евра, што секако ќе биде во интерес на потрошувачите, сите вработени и заедницата, било констатирано на состанокот.

Рестораните McDonalds во Македонија се затворени од вторникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП