16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Македонија - поглед кон виновниците и последиците

Инфлацијата во Македонија – поглед кон виновниците и последиците

Инфлацијата продолжува да биде еден од најголемите економски предизвици со кои се соочува Македонија.

Според последните податоци, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2024 година, во однос на март 2024 година, изнесува 0.7%.

Ова зголемување на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во неколку категории, вклучувајќи го транспортот, комуникациите, храната и безалкохолните пијалаци.

За да разбереме подлабоко кои се вистинските виновници за овие бројки, разговаравме со економски експерти.

„Инфлацијата не е само резултат на домашните фактори, туку и на глобалните трендови. Македонија, како мала и отворена економија, е особено чувствителна на надворешните шокови, како што се цените на суровините и нарушувањата во синџирите на снабдување. Од друга страна, јавниот сектор со зголемената инфлација бара да не го загуби својот животен стандард и се турка зголемување на платите”, објаснуваат ексертите.

Додека владата презема мерки за справување со инфлацијата, експертите предупредуваат дека потребно е внимателно менаџирање на економските политики за да се избегнат долгорочни штети.

„Потребна е поагресивна битка со инфлацијата. Ова вклучува идентификување на домашните фактори кои предизвикуваат дивеење на цените и нивно ставање под контрола”, коментира нашиот соговорник.

Инфлацијата не само што влијае на трошоците на животот, туку и на економската стабилност на земјата.

Соодветните политики и стратегии се клучни за осигурување на економскиот раст и благосостојбата на граѓаните.

Во овој контекст, секоја одлука преземена од владата и монетарните власти ќе биде од суштинско значење за иднината на македонската економија.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП