19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристичката индустрија во Кина ќе ги надмине Индија и САД за една...

Туристичката индустрија во Кина ќе ги надмине Индија и САД за една деценија

Туристичката индустрија во Кина се очекува да порасне за просечно 8% годишно од 2017-та до 2027-та година, пред другите големи економии, како што се Индија и САД, објави „Bloomberg“, повикувајќи се на Светскиот совет за туризам и патувања.

Претстојните државни празници од 1-ви до 8-ми октомври ќе бидат барометар за просперитетна индустрија, при што кинеските власти предвидуваа над 710 милиони патувања, што е за 10 отсто повеќе од минатата година.

Во исто време, уште една студија покажа дека младите кинези стануваат главен двигател на глобалниот туристички раст.

„Кина стана витална за растот на глобалниот туристички пазар“, изјави аналитичари за „Bloomberg Intelligence“.

Според статистичките податоци, Кинезите ќе направат речиси 70% повеќе патувања во странство во 2020-та година во споредба со 2015-та година, поттикнувајќи раст во туризмот и поддршка на сектори како транспорт и инфраструктура.

Во исто време, во 2015-та година, кинезите реализирале 128 милиони патувања во странство, според владините податоци, а 60% од сите туристи се луѓе на возраст меѓу 18 и 34 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП