26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОколу 250 лица загинаа во силниот земјотрес во Мексико (видео)

Околу 250 лица загинаа во силниот земјотрес во Мексико (видео)

Најновиот биланс на жртви во силниот земјотрес кој со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала во вторникот го погоди централниот дел на Мексико е 250 настрадани. Потрагата на спасувачките екипи во урнатините сè уште трае.

Најтешко од земјотресот е погодена сојузната држава Морелос, во која според претходните изјави на надлежните загинале најмалку 55 лица. Гувернерот на државата Грако Рамирез рекол дека 12 лица настрадале во градот Хохтла, а четири во главниот град на оваа сојузна држава Куернавака, во кој живеат 350.000 луѓе.

Во сојузната држава Пуебла, каде што бил епицентарот на земјотресот, загинале 26 лица, соопштил гувернерот на државата.

Според последните информации, во Мексико Сити се урнало училиште. Настрадале 21 дете.

Во Мексико Сити неофицијално бројката на загинати изнесува 49, но властите стравуваат дека ќе расте бидејќи спасувачлите екипи пребаруваат по урнатините на неколку згради.

Најмалку десет лица страдале во соседната сојузна држава Мексико.

Претседателот на државата, Енрике Пења Нијето, рекол дека во Мексико Сити се урнале 44 згради. Спасувачките екипи ппребаруваат по урнатините, а само во Мексико Сити досега биле извлечени 60-ина луѓе.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на осум километри јужно од градот Атенсинго во државата Пуебла на длабочина од 51 километар. Гувернерот на државата објави дека најмногу оштетени згради има во градот Чолула.

Мексико на почетокот на месецот го погоди земјотрес со јачина од 8,1 степени според Рихтер. Во земјотресот смртно страдаа 90 лица. Тој земјотрес се смета за еден од најсилните што се случиле во последните 100 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП