19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде се продава најскапото и најевтиното месо во Европа?

Каде се продава најскапото и најевтиното месо во Европа?

Летото е сезона на скара, но во некои земји-членки на ЕУ, месото излегува прилично „солено“ – само пред додавање на соодветни зачини.

Податоците на европскиот статистички завод „Еуростат“ покажуваат дека Данците плаќаат највисока цена за месо во ЕУ – тоа е речиси 40% повеќе од просекот во Унијата.

Втора е Австрија каде што цените на месото се 37% повисоки од просекот на ЕУ. Месото е исто така скапо во Луксембург – 36% над просекот на ЕУ. Во Шведска и Велика Британија е 34% над просекот, а во Франција е 31% над просекот.

Надвор од ЕУ, најскапото месо го купуваат швајцарските жители – 157% над просекот во Унијата, а во Исланд е 58% над просечната цена.

Најевтиното месо се продава во Полска и Бугарија – 47 и 44%, соодветно, под просекот на ЕУ.

Според податоците во Македонија цената на местото е 43.3% под просечната цена, во некои од Балканските земји, пример Турција е со 22.4% под просекот во Унијата, во Србија е со 39.1% под просечната цена, а во Романија е со 41.1% под просечната цена, покажуваат податоците на „Еуростат“.

Заводот за статистика не посочува конкретни цени на месото, туку само процентиот сооднос спрема просекот во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП