26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕОвде ќе заборавите на сите свои грижи (фото)

Овде ќе заборавите на сите свои грижи (фото)

Оставете ги зад себе сите ваши грижи и проблеми, гужвата и буката од урбаното опкружување и откријте ја природната убавина на Milaidhoo Island Maldives…

Инспиративно и современо, одморалиштето за кое овој пат ви зборуваме специјално е дизајнирано за да ги релаксира и заведе сите патнци кои ќе се осмелат да го посетат. Сместено е на Баа Атол, кое е дел од UNESCO World Biosphere, а на своите привилегирани гости им дава прилика за уживање во кристално чистата азурно сина вода, бујното зеленило и белите песочни плажи, а ќе бидат опкружени и со корален гребен кој е идеален за нуркање.

Ова одморалиште се состои од 50 пространи вили на земја и над вода, а секоја од нив е исполнета со супериорни елементи од Малдиви, беспрекорни уметнички дела и уникатни парчиња мебел кои совршено се вклопуваат со прородното опкружување. Сепак, и погледот на океанот и приватниот базен ќе го направат вашиот одмор неверојатен.

Неверојатниот спа над вода користи богати ароматични мириси од кокос, лимета и други билки, кои ќе ви дозволат максимално да уживате. Тука можете да уживате и во сесиите јога или медитација во прекрасниот павиљон над вода.

Кога ќе огладнете, овде на располагање ви се три ресторани, кои секако ќе го задоволат вашиот вкус и желбата за комбинација на морски специјалитети, месо и вегетаријански јадења кои се сервираат во Signature ресторанот со врвен поглед на море, додека Milaidhoo Gourmet ќе ви понуди совршен план за оброк. Елегантниот beach House & Pool Bar ќе ви биде сосема доволен да ве убеди да се релаксирате и да уживате.

Исто така, дел од понудата на ова одморалиште е и крастарењето со делфини, риболовот, нуркањето и можноста за излез на отворените води и набљудување на ајкулите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП