3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛубениците ќе бидат откупени и од производителите кои не исполнуваат услов за...

Лубениците ќе бидат откупени и од производителите кои не исполнуваат услов за субвенции

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе им излезе во пресрет на производителите на лубеници кои поради нерешени имотно-правни односи, не ги исполнуваат условите за дополнителната субвенција од два денара.

Како што соопшти вчера ресорниот заменик-министер Власте Димковиќ, откупувачите уште денеска ќе почнат со откуп на одредени количини лубеници од оваа категорија производители.

“Министерството ќе им помогне на производителите во решавањето на проблемот со откупот. Веднаш стапивме во контакт со откупувачите и уште од утре тие се подготвени да откупат одредени количини лубеници. Со производителите што присуствуваа на средбата е договорено да направат список, кои земјоделци се најзагрозени и треба да имаат приоритет при откупот”, истакна Димковиќ.

Тој нагласи дека надлежните постојано ја следат состојбата на терен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП