9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретставен планот 3-6-9 на 13. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација...

Претставен планот 3-6-9 на 13. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација во Брисел

Заменик-претседателот на Владата, Бујар Османи, денеска учествуваше на 13. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација во Брисел. Од страна на Европската комисија беа присутни и високата претставничка и потпретседателка на Европската комисија, Фредерика Могерини, и комесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.

Османи го образложи планот 3-6-9, и изрази задоволство од поддршката од меѓународните партнери при негово создавање, поддршка која се очекува  да продолжи и при неговото имплементирање. Тој ги повтори заложбите на Владата за затворање на сите отворени политички прашања и отстранување на сите пречки за реактивирање на евроинтегративните процеси.

„Сакам да испратам јасна порака дека планот 3-6-9 – ќе биде спроведен. За оваа наша намера постои внатрешен општествен консензус и ние како Влада на тоа се обврзуваме. Веќе се изготвени работни групи, ад-хок тела, како и процедури за мониторирање и рано предупредување на евентуалните застои во имплементацијата на Планот“, рече Османи на денешната прес-конференција по завршувањето на состанокот. Тој додаде дека во истиот контекст Владата веќе ги адресира и отворените политички прашања, како што се односите со соседите, но и донесување на законот за употреба на јазиците.

Во изминативе 30 дена ова е трета посета на вицепремиерот Османи на Брисел, што самото по себе претставува јасен сигнал дека фокусот на новата Влада изминатиов период се евроинтеграциите. „Ние, и како земја и како Влада, очекуваме, согласно успешното адресирање и отстранување на пречките, да добиеме конкретни чекори од страна на Европската Унија, кои јасно би ја рефлектирале визибилноста на европската перспектива на Република Македонија.“ истакна Османи во своето обраќање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП