5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТони Блер: Брегзит може да биде суспендиран

Тони Блер: Брегзит може да биде суспендиран

Излезот на Велика Британија од ЕУ може да биде стопиран доколку претставниците на европскиот блок “излезат во пресрет” во врска со забраната на слободно движење на луѓе, проценува поранешниот британски премиер Тони Блер во една статија објавена во “Индипендент”.

Блер призна дека не постои основа за одржување на втор референдум за членство на Велика Британија во ЕУ, но нагласува дека постои можност вољата на Британците да се промени бидејќи јавноста е свесна за потенцијалните економски штети од “тешкиот Брегзит”.

Според весникот, се укажува на тоа дека Блер е скептичен во врска со можноста за “благ Брегзит”, што би значело дека Велика Британија останува дел од единствениот пазар и Царинска унија.

Лидерите на ЕУ во неколку наврати спомeнаа дека нема да има компромис за прашањето за слободното движење на луѓе, што е еден од основните принципи на европскиот блок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП