4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОхриѓани немаат мир, нов земјотрес од 3,9 степени

Охриѓани немаат мир, нов земјотрес од 3,9 степени

Охриѓани и денеска немаат мир. Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 21 часот и 31 минути.

Земјотресот бил на длабочина од 2 километри, на 11 километри северо-западно од Ресен и на 8 километри источно од Косел.

Пред само четири часа, во 17 часот и 10 минути, охриѓани ги вознемири земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала.

Претпладне, пак, во 11 часот и 7 минути беше почувствуван земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала.

Во текот на ноќта во Охридско беа почувствувани седум земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 4,2 степени според Рихтер ги вознемири жителите четири минути по полноќ.

Од 18 јуни до денеска во Охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП