5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОхрид се дрма: Повеќе од 800 земјотреси за две недели

Охрид се дрма: Повеќе од 800 земјотреси за две недели

За две недели во Охрид се регистрирани повеќе од 800 земјотреси, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Серијата на земјотреси започна на 18 јуни и до денес 29 јуни, регистрирани се повеќе од 800 земјотреси, од кои повеќето слаби со Рихтерова магнитуда помеѓу 1 и 2 степени. Со Рихтерова магнитуда помеѓу 2 и 3 беа регистрирани 31 земјотрес, а со магнитуда поголема од 3 беа регистрирани 4 земјотреса“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Најсилниот земјотрес се случи на 20 јуни во 15 часот и 10 минути. Тој беше со Рихтерова магнитуда од 3.6 степени и беше почувсвуван во епицентралното подрачје со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Од утринава регистрирани се 10-тина земјотреси кои се почувствувани во епицентралното подрачје со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП