26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНарод кој има „ирационален страв од еврото“

Народ кој има „ирационален страв од еврото“

Чешка ги следи најавите од ЕУ дека сите членки ќе мораат да го воведат еврото, го сакале тоа или не. Од земјата се испраќаат мешовити коментари, но согласни се дека еврото не може да биде прифатено наскоро.

Гувернерот на централната банка на Чешка, Јири Русник, вели дека земјата генерално е подготвена да ја усвои заедничката европска валута.

Меѓутоа, мисли дека би било подобро да се почека додека локалните плати и цените не се приближат до оние од клучните членки на еврозоната.

Споре Русник, една од причините поради кои земјата е посветена за придржување кон еврото е тоа што чешката круна сега „плива“. Централната банка и овозможи во април на својата валута да зајакнува во однос на еврото, што беше најмногу од 2013 година.

Минатата недела изјави дека мисли дека Чесите нема да го усвојат еврото во наредните пет до десет години.

И чешкиот претседател вели дека земјата е подоготвена за еврото но дека јавноста „ирационално се плаши од тоа“.

Чешки економист кој сакаше да остане анонимен вели дека дури и разликата во платите да биде сведена на минимум во однос на некои членки, на нив би им биле потребни барем 15 години за да ги надокнадат оние кои се во Германија, на пример.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП